Како и најавуваше Управата на Пелистер од Битола дека се можни и нови засилувања во тимот за наредната сезона тоа и се случи. Под Тумбекафе во Битола доаѓа уште едно прволигашко засилување, а тоа е Наумче Бакрачевски, засилување во средниот ред на “пелистерци“.
Бакрачевски има 25 години и во Битола доаѓа од редовите на Брегалница, каде минатата сезона имаше важна улога во тимот. Во својата кариера Бакрачески настапуваше и за Металург и Тиквеш.
Од редовите на Пелистер информираат дека одличниот играч за врска нема да биде последното летно засилување, туку во наредните денови ќе биде претставен нов напаѓач.