-Во Битола синоќа наградата “Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар за 2021 година му беше доделена на Александар Бошков од Штип, а концерти одржаа “Сашо Поповски квартет“ и “Fanfara station“ од Италија.Со настап на Оливие Самуилан од Франција и Сашо Поповски квартет од Македонија на сцената во Народниот театар во Битола, се затвори 5. јубилејно издание на „Џез фактори фестивалот“, кое оваа година беше дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ.
Синоќа на завршувањето на “Џез фактори фестивалот“ беше доделена и наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар за 2021 година на Александар Бошков од Штип.
Сашо Поповски настапи заедно со Кирил Кузманов на алт саксофон и флејта, Иван Бејков на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Поповски е неуморниот борец за покултурна македонска музичка сцена и еден од нашите најактивни претставници надвор од земјата. Квартетот е составен од докажани имиња на македонската џез сцена.Покрај нив, настапија и “Fanfara station“ од Италија.
Џез Фабрика Фестивал – Битола, кој се реализира со поддршка од општина Битола, е единствен етаблиран меѓународен џез фестивал на територијата на Општина Битола кој ја негува современата и прогресивна музичка мисла со главен фокус на домашните и регионални артисти, стожер во креирањето на современата Македонска музичка сцена, преку културна децентрализација, меѓународна промоција на домашни артисти, партнерство во европски мрежи, промотор на социјални и општествени промени.
Фото: С. Ристевски