Press "Enter" to skip to content

Виктор Мануел Хернанадез Кастиљо, уметник-графичар од Мексико во Битола: моите графики ја кажуваат вистината

Жанета Ристевска

Моите графики можеби изгледаат надреални или хумористични, а всушност ја кажуваат вистината. Расчекорот помеѓу спиритуалната еволуција на човекот и технолошкиот развој  се претставени со  хибридни форми, чудовишта и грозни лица, чудни авиони со човечки глави и раце прикачени на тркала со шипки.  Виктор Мануел Хернанадез Кастиљо  е современ мексикански графичар чии дела ја опишуваат надреалната страна на животот. Професор на Факултетот за уметност и дизајн при Националниот универзитет во Мексико. Докторант на Академијата во Катовице Полска. Со свои 31 самостојна изложба во Мексико, Полска, Канада, Србија, Македонија, и 20 колективни национални и меѓународни изложби. Добитник е на бројни награди и почесни меѓународни признанија во графичката уметност.

Повод за нашиот разговор со уметникот Виктор Мануел Хернандез Кастиљо, неговиот престој во Битола како дел од уметниците кои твореа на Меѓународната ликовната колонија „Де Ниро 2022“. Се претстави пред вљубениците на уметноста во Битола со самостојна изложба, ретроспектива на свои графики и музичко, поетско – уметнички настан „Надвор од времето“во Офицерски дом. Посматрајќи ги вашите  дела, тие оставаат силен впечаток, имаат маѓепсан ефект и желба да се зумира секој детал…

-Овие дела се ретроспектива на мои графики создадени во периодот од 2003-2020 година. Веќе 23 години творам со линорез и графичката уметност. Низ моите графики може на експресивен, спонтан, фигуративен, наративен и субнаративен начин да се изразам. Мексико има голема традиција во графичката уметност. Кај најголем број од современите уметници околу 70 проценти делата се фигуративни, а само 30 проценти апстрактни.  Преферирам големи формати каде можностите се поголеми, да се твори на линолеумот, да се црта. Овие се субстрати од линолеумот. На оваа изложба може да видите различни формати што зборуваат за дела од различен период на творење. Дел од нив се субстрати на линорез, дел на хартија од 100% памук и дел на amate хартија од Мексико рачно направена по традиционален пат. Хартијата е креирана од кората на аматерската дива смоква (ксалама), коприва (јонота) и црница (морална). Секој вид кора произведува различен тон на боја, почнувајќи од кафе-кафеави до сребрено – бели. Пулпата од овие кора често се комбинира за да се добие вртежен мермер ефект. Оваа техника на висок печат е обработка на плочата – матрицата на која што линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината на матрицата.Од каде доаѓа вашата имагинација за творење?

-Според правилата на гротескната естетика, премногу нагласувам на иронични и смешни фантазии, во некои случаи тие може да станат анегдота каде луѓето ги споделуваат своите суштества со животните, создавајќи хибридни форми; така што зборуваме за антропоморфни животни, имагинарни ѕверови, животни и фантастично вкрстено размножување кои градат различни поетски визуелни метафори. Има демонски елемент во линорезот, кој може да потсетува на кошмари и стравови.Графичката уметност е дел од човечката култура на секоја земја; Многу симболи, различни теми низ насловите на вашите графики. Од каде инспирација за нив?

-Темите во моите дела се различни, некои се засновани на историски факти како во делото „Заблудите на еден послушник“ (2017). Тука  се одбележува 50 годишнината од бунтот на студентите во Мексико Сити 1968 година. Имено таа година низ демонстрации и протести, мексиканските студенти од  универзитетите излегоа на улиците да побараат социјални, политички и економски подобрувања. Покрај централната главна фигура со оружје која ја претставува полицијата, има симбол на мир преку гулаб во бела боја, симболот на Олимписките игри во десен агол, кои се одржаа таа 1968 година во Мексико.  Многу пораки пренесени низ една графика. Во графиката „Галеријата на добро родените“ (2001) ја прикажува традицијата во Мексико и раѓањето на новороденче кога во собата се ставаат фотографии од него и други. Во многу мои графики има симболи од Мексико како што е кактусот. Птиците се јавуваат во голем број дела и ја симболизираат ефемералната промена на однесувањето на човекот низ  историјата. Голем дел  во нив се заснова на метаморфозата на ефемерното.  Некои графики се инспирирано од секојдневниот и социјалниот живот и ја  прикажуваат променливоста  на човековата природа. Тоа е претставено со велосипеди, тркала симболи на тоа дека човекот нема јасен правец на движење.

Вашите дела се високо контрастни црно-бели парчиња кои прикажуваат вознемирувачки фантастични суштества, визуелни метафори и визии слични на соништа…Човечките ликови се мрачни, непријатни… Дали човековата природа за вас е  мрачна?

-Однесувањето на луѓето често го пренесувам преку моите графики. На пример односот помеѓу две личности, доминација на едната врз другата. Или симболот топка во моите графики означува дека оној кој ја има топката тој ја води играта и ги поставува правилата. Расчекорот помеѓу спиритуалната еволуција  на човекот и технолошкиот развој на човекот  се претствени во повеќе графики каде има хибридни форми, чудовишта и грозни лица, чудни авиони со човечки глави и раце прикачени на тркала со шипки., „Убивачи на духови“ патуваат низ пејзажи осветлени од месечината во потрага по својот плен, а развратните лилјаци од птици летаат над главата…Всушност можеби изгледаат  надреални или хумористични, а всушност ја кажуваат вистината. Во контекст на ова што го зборувам е војната која се случува денес во Украина, со сите ужаси кои ги носи.

Дел од вашите графики беа  мотивација за стихови „Надвор од времето“ на поетесата Лили Бошевска и повод за поетско уметнички настан. Кажете ги вашите импресии од истиот насловен како „Надвор од времето“одржан во Офицерски дом Битола ?

-Поетиката  присутна во наративните квалитети на моите принтови, има за цел да генерира кај гледачите свои интерпретативни приказни.  Овие приказни се пренесоа преку стиховите на Лили Бошевска. Идејата за настанот  многу оригинална и ми се случува за прв пат во мојата кариера. Перформансот кој се изведе во прекрасниот амбиент на  Офицерски дом или Палата на култура беше извонреден спој на графичка уметност, поезија, а во позадина музика.  Голема благодарност до прекрасната идеја и директорката Лили Бошевска за овој настан. За Меѓународната ликовната колонија  Де Ниро 2022

-Чест ми беше што бев дел од уметниците кои твореа на Меѓународната ликовна колонија Де Ниро 2022. Ликовни уметници од Виетнам, Естонија, Романија, Кина, Србија, Бугарија твореа на прекрасно место на одржување Центар Цапари со многу добри услови за творење.  Ме воодушеви природата, нејзните бои. Во Мексико нема високи планини и заради климата се изгледа некако суво, бледо, безбојно. Овде планините имаат многу бои, небото прекрасно сино, сонцето јасно. Сето ова ме инспирира да насликам уметнички слики со акрилни бои. Графиката и линорезот бараат време и повеќе работа. Започнавме една графика заедно со  Владо Ѓоревски Рафик, но остана на неа уште да се работи. Графиките обично се прават за околу еден месец и повеќе.Импресии од Битола…

-Битола е град со богата историја која се препознава по нејзината архитектура.  Тука има спој на различни периоди  од времето на отоманската империја, француски стил, а тука и  современ. Оваа прекрасна зграда, претставува Палата на култура и уметност, го носи сјајот на еден период. Почуствував позитивна енергија кај луѓето тука, кои се топли, пријатни, весели, релаксирани. Живеејќи во различни земји можам да ја почуствувам енергијата на луѓето и да направам разлика. На пример кога живеев во Полска некаде во 80 тите години за време на социјализмот, но и промените кои доаѓаа, економската нестабилност и криза доведоа до тоа да луѓето бидат загрижени, тажни, со негативна енергија.Идни планови

-Докторант сум на академијата во Катовице Полска и во октомври ме очекува  одбарана на докторска дисертација. Одбрната ќе биде образложување на мои нови идеи, нови визии, правци  во графичката уметност. Комисијата пред која ќе ја бранам докторската дисертација ќе биде наместена во средина, а наоколу ќе бидат изложени мои графики кои не се презентирани досега. Тие  и ќе бидат дел од одбраната. Конечно, моите сегашни дела се блиску до онирските продукции кои се далеку од границите на човечката логика, а ќе ги образложувам преку мојот докторат. Во септември ќе имам  самостојна изложба во Чачак Р. Србија. Потоа  ќе заминам во градот Клуч Романија, а повод е да ја примам  наградата која ми беше доделена на биеналето кое се одржуваше таму пред две години во 2020 година. Исто така за прв пат 50 мои дела ќе бидат подарени  и ќе бидат поставени во Националниот музеј во Романија. Многу сум почестен што оваа изложба ретроспектива на мојата работа од 2003-2020 година е изложена во Офицерски дом во  Битола Македонија. Таа  ќе стои тука за да ја видат поголем број вљубеници во графиката во месеците јули и август, за потоа да биде изложена во Солун Грција. Поради биеналињата, триеналите како и голем број меѓународни  изложби, современата графика наоѓа свое место во уметноста како современо средство за создавање.

Кратка биографија:

Виктор Мануел Хернандез Кастиљо е роден во Мексико Сити (Víctor Manuel Hernández Castillo (1963. Mexico). Дипломира 1985 на Национална школа за визулени уметност на Националниот универзитет УНАМ во Мексико УНАМ.  (The National School of Plastics Arts, National University of Mexico (UNAM, Mexico City); Во 1991. Магистрирал на Факултетот за Графичка уметност на Академијата за применети уметности во Краков  Полска (The Faculty of Graphics Arts of The Academy of Fine Arts (Cracow, Poland); Добитник на Првиот Mеѓународен Салон на Miniprint (2006. Отава, Онтарио, Канада); Првото Меѓународно Тиенале  (2011. Белград, Србија). (Winner of The First International Salon of Miniprint (2006. Ottawa, Ontario), Canada); The First International Triennial of Print (2011. Belgrade, Serbia).  Од 1991-1992 година степендист на Националната академија за ликовни  уметности во Париз (atelier-stypendium in the National School of Fine Arts – Paris). Докторант на Академијата во Катовице.Член е на националниот систем на творци на  Владата на Мексико. Професор на Факултетот за уметност и дизајн при УНМА Мексико.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »