Press "Enter" to skip to content

Изложба “Современата уметност во Битола“ и промоција на промовира и галерискиот простор во Офицерски

Утре во 20 часот во Офицерски дом во Битола ќе биде отворена ликовна изложба “Современата уметност во Битола“ претставува единствен ваков пресек на автори и дела поврзани со Битола.

На изложбата учествуваат со свои дела уметниците кои работат и творат во Битола, ченовите на ДЛУБ , уметниците кои се родени или потекнуваат од Битола и околината, но и оние кои живееле и работеле на овие простори и своите дела ги инспирале од пределите, луѓето и настаните во овој град, како и наследниците на уметниците кои веќе не се помеѓу нас, но како завештание ги чуваат нивните дела.

Сите тие благородни луѓе, уметници и творци ги одстапија делата на уметниците чие име продефилирало во градот и оставило трајни ликовни вредности и на тој начин придонесоа денес да ја имаме оваа изложба.

Со оваа изложба за прв пат се промовира и галерискиот простор во Палатата на културата – Офицерски дом при ЈОУ Културен и Информативен центар – Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »