Press "Enter" to skip to content

“На чекор од брегот“ по седум години нова песна и спот на Ламбе Алабаковски (видео)

По пауза од седум години откако ја издаде последната песна, македонскиот пејач Ламбе Алабаковски се враќа на македонската музичка сцена. По низата настапи и скандали по враќањето од САД, сега Ламбе промовира нова песна “На чекор од брегот“…

Ламбе, кој со години живееше во САД, минатата година со семејството, одлучи да се врати дома во Македонија и повторно да почне да се занимава со музика.

Цели 17 години по триумфот на “M2 Play Проект“ потрага по ѕвезда и по 7 години пауза од музика, тој одлучи да објави нова песна.

Ламбе, кој периодов беше среде низа скандали, сега ја промовираше својата песна „На чекор од брегот“, која е дело на Александар Тарабунов, а текстот е на Зоран Стојановски Зонде. Песната има одличен ритам и навистина е допадлива на прво слушање.

 

More from ЗабаваMore posts in Забава »