Отсекот за превенција и Одделението за полиција при СВР Битола во содејство со Национални шуми реализира превентивна активност согласно со кампањата “Лето без пожари“.
Во рамките на акцијата беше посетено месното население од селата Цапари, Ротино, Рамна, Лера, Доленци, Братиндол, како и други места од битолскиот регион каде населението беше запознато околу ризиците и штетните последици од пожарите и како превентивно да делуваат во период на летните месеци се со цел заштита на јавните добра и подобрување на заедничката соработка помеѓу полицијата и граѓаните.
Во рамките на активноста поделен беше и едукативен материјал со препораки и совети.

Превентивна активност СВР Битола “Лето без пожари – безбедно лето 2022“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





