Press "Enter" to skip to content

Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)

На 28 октомври 2012 година, битолчани а меѓу нив и јас имавме прилика да присуствуваме на свечен црковен чин, на свечената литургија, осветувањето на иконата и одржувањето на
свечената литија низ улиците на Битола со што беа канонизирани 40-те битолски преподобни маченици.Во црквата “Св. Димитрија“ пред број на верници, канонизацијата на светителите започна со света божествена литургија на која чиноначалствуваше Архиепископ Стефан, а потоа следуваше свечена литија по улиците на градот каде беше претставена иконата на 40-те битолски маченици.Канонизацијата беше направена  дури седум века по нивната смрт, а на 28 октомври 2012 година и покрај врнежливото време и дождот кој цело време паѓаше, црквата “Свети Димитрија“ во Битола и цел Широк Сокак беа прересни да ги примат сите верници кои сакаа да им укажат чест на 40-те битолски маченици.-Во втората половина на 14. век османлиските војски при засемањето на Битола, наишле на жесток отпор од страна на населението. Триесет и деветте монаси од манастирот “Св. Георги Победоносец“ и од други манастири  го храбреле народот да се бори за верата, со божја промисла ги преживеале страшните зулуми на Османлиите.Тие се повлекле во манастирот “Св. Георги Победоносец” каде биле заробени.  Османлиите почнале убедуваат да се откажат од Христовото учење ветувајќи им слобода, голема чест и земни богатства.Еден Турчин, по име Хасан, преведувач, трогнат од духовната длабочина и смирението на 39. маченици своето Мухамеданско верување да го промени во христијанското православие и така биле 40 мина.Во местото викано “Кркардаш“, над населбата Баир, на деветтиот ден од поробувањето, во март 1385 година Османлиите им ги отсекоа главите на 39-те битолски маченици и на Турчинот Хасан и нивните тела ги расфрлиле по планината Пелистер, како храна за шумските ѕверови, се со цел да се уништи споменот за нив.Но, тој не само што не се уништил, туку местото “Кркардарш“ станало свето место, кое верниците постојано го посетувале, а  подоцна е изградена црква која денес го носи името “Четириесет битолски маченици”.Сите верници треба да го негуваат култот кон светите 40 битолски преподобни маченици и денот кога се вброија во списокот на светите, а настанот е историски, кој ги велича вредностите на духовното како наше најголемо богатство, беше речено на канонизирањето.-Сите верници, посебно од Битола, треба да го негуваат култот кон светите 40 битолски преподобни маченици и денот кога се вброија во списокот на светите, истакна митрополитот г. ПетарГолемиот торжествен чин беше заокружен со свечена литија по Широк Сокак каде пред голем број верници беше претставена иконата на новоканонизираните светители.Светата икона на литијата низ улиците на Битола ја носеа Кире Божиновски, Горан Милевски, Ламбе Алабаковски и Александар Најдовски, а верниците нивниот пат го опсипуваа со цвеќиња. 

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »