Press "Enter" to skip to content

Камерниот оркестар “Профундис“ и гостите со одличен концерт во Битола (фотогалерија)

Концертот “Табула раса“ на камерниот оркестар “Профундис“ го привлече вниманието на љубителите на класичната музика во Битола, кои беа присутни во концертната сала на Офицерски дом.Камерниот оркестар “Профундус“ се престави и со гостите, солистите на виолина Владимир Костов и Ана Контраденко, а под диригентсво на Ѓурѓица Дашиќ, исто така гостин на оркестарот. “Профундус“ ги изведе делата на  Д.Шостакович – Камерна симфонија оп.110/а   во ц- молл и Арво Перт – “Табула раса“ за две виолини и препариран клавир.Инаку, камерниот оркестар “Профундис“ е  уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Националната опера и балет и Националната филхармонија.

Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригент Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт, поддржан од естонската амбасада. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »