-Акумулацијата “Стрежево“ располага со волумен од над 72 милиони метри кубни вода, секојдневно ја следиме состојбата со високите температури, а вода се испорачува согласно потребите на водокорисниците. Во моментов по Главниот канал секојдневно се испорачуваат околу 9 метри кубни вода во секунда за потребите на сите водокорисници (земјоделие, РЕК Битола, индустријата и за водоснабдувањето на населението), вели директорот на “Стрежево“ Битола, Менде Граматковски.
Сите цевководи се пуштени со максимален капацитет, и во нив деноноќно тече вода до крајните потрошувачи. За потребите на ЈКП “Водовод“ – Битола се испорачуваат и по 560 литри во секунда. “Стрежево“ продолжува со оптимално управување со комплексниот водостопанскиот систем со кој управува, преку оптимизирање на потрошувачката на вода и задоволување на поставените цели во доменот на подмирување на водокорисниците со барана времена и количинска обезбеденост на вода. Јавното претпријатие “Стрежево“ Битола апелира на рационално, наменско и внимателно користење на водата.

“Стрежево“ на плус 40 степени испорачува вода за “Водовод“, РЕК “Битола“ и наводнување на Пелагонија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





