Press "Enter" to skip to content

Петмина планинари од Битола се искачија на Олимп, следен предизвик Мон Блан (фотогалерија)

Петмина планинари од Битола, Менде Наумовски, Тони Лазаревски, Благојче Караколев, Бојан Филиповски, Филип Стојчевски, деновиве го освоија највисокиот врв во Грција, а можеби и најтежок,  Митикас (2.918 м.), на планината Олимп. Оваа експедија е последен испит за она што ги очекува, искачувањето на највисокиот врв на Европа, Мон Блан (4.808 м.), 

За ова искачување, Менде Наумовски, по слегувањето во Литохоро, по вибер комуникација ни рече:-Ова е планирано искачување, во рамките на она што не очекува за брзо време, искачување на два врвови во Италија и Франција. Се работи за  Градндпарадизо и Мон Блан што ќе се случи од 7 до 15 август, за што се подготвуваме подолг период. Сите подготовки на физички план, како и организациски се завршени и со мислите сме кон новите предизвици.За тоа како помина искачувањето на Олимп, и на кој врвови се искачија Наумовски додава:-Искачувањето на Олимп беше два дена. Првиот ден се искачуваме 11 километри, кои ги помиваме за  5 часа, а потоа имавме ноќевање во планинарски дом на 2.760 метри надморска висина. Наредниот ден се искачивме на 4 врвови Стефани (2.908 н.м.) Митикас (2.918 н.м.) Скала и Сколио. Вкупни се движевме 20 километр, кои заради екстремно тешкиот терен, посебно на искачувањето на Митикас, ги поминавме за 8 часа. Сите 5 планинари се членови на здружение за старт рекреација туризам и здравје “Дискавер“ од  Битола.На 7 август на пат за искачување на Градндпарадизо и Мон Блан ќе тргнат  Менде Наумовски, Тони Лазаревски, Горан Дамевски, Благојче Караколев и Никола Петровски.

С. Ристевски

 
More from ВестиMore posts in Вести »