Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ги заврши пеколните подготовки во Маврово, денес се враќа во Битола (фотогалерија)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ги завршија летните подготовки во Маврово и денес се вратија во Битола, каде ќе продолжат со подготовките, до претсојниот старт на новата ракометна сезона.А дека подготовките во Маврово по раководство на новиот тренер Ларс Валтер, се уверивме уште при доаѓањето во нивната база хотелот “Бистра“ каде како одличен домаќин не пречека Бојан Стерјев, каде ја немаше вообичаената гужна на терасата.-Сите се во соба, стануваат во 6 часот, а до сега имаат одработено, некои и по три тренизни. Се одмараат за последниот во 17 часот во сала, а пред тоа ќе ги видите и ќе земете изјави.Прв, како и треба се пијави тренерот Валтер кој пиејќи го кафето ги заврши последните подготовки за тренингот, а потоа ни изјави:-Прекрасно е тука во Маврово, но за жал немаме многу време да уживаме во погледот тука. Работиме многу напорно и задоволен сум со сите детали. Дури е и подобро од очекуваното. Имаме добра група на луѓе, работиме напорно секој ден и задоволен сум од сработеното. Играме помалку и ракомет на два гола секојдневно и можам да видам како напредуваме секојдевно и тоа ме прави среќен. Без разлика што ни следува мора да бидеме спремни за предизвиците во август. Ќе бидеме подготвени. Новиот капитен, Мирко Радовиќ, како пример за своите соиграчи дојде пред време, а при тоа ни рече, прво за честа и одговорноста да биде капитен, а потоа и за престојните предизвици ни рече:-Голема чест ми е што сум избран за капитен на Еурофарм Пелистер. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на соиграчите, навивачите и управата. Што се однесува до екипата, нова е и полека ги склопуваме „коцките“. Кратко сме заедно и се обидува што можеме да постигнеме. Напорно тренираме и даваме максимум засега. Секој тим е посебна приказна. Оваа година е уште “млада“, момците само што стигнаа, исто така и тренерот. Се обидуваме што е можно побрзо да се прилагодиме. Немаме премногу време за тоа. Се трудиме секој ден фокусот да е на максимум и да даваме сè од себе. Со тоа што побрзо да го прифатиме системот на тренерот и новите играчи да се имплементираат во него. Како домаќини ние ќе дадеме сè од себе да им помогнеме.Ракометар со најповеќе стаж во Еурофарм Пелистер е Гоце Ојлевски, кој за овие подготовки вели: -Маврово секоја година го посетуваме. Тука има одлични услови за работа, температурата е одлична. Ние тренираме напорно, имаме поинтензивни тренинзи со новиот тренер. Припремите течат одлично. Првиот дел беше физичка подтовеност, сега во вториот  се воигрувавме за натпреварите кои ни следат. Добредојден е турнирот во Струга, каде ќе видиме како ќе играме. Ни следи и натпреварот со Мешков Брест, каде влогот е голем – пласман на СЕХА завршницата. Полека ќе биде сè во ред и формата ќе оди во нагорна линија.Еден од оние од кои многу се очекува сезонава е Марио Танкоски, кој ги остави проблемите со повредите зад себе и подготвен е за новиот предизвик и вели:-При крај сме со овие тешки припреми. Трениравме напорно, дури и некогаш по четири пати на ден, но тоа е добро. Доста играчи се сменија, но квалитетот мислам дека е истиот. Од сегашна гледна точка мислам дека ќе имаме успешна сезона.  Ова е моја сезона и во разговор со тренерот се надевам дека ќе имам простор за надигрување. Проблемот со рскавицата е зад мене и можам да се посветам кон ракометот.

Дека одлично се работеше на подготовките се уверивме и самите на попладневниот трениг во салата во Маврово. Сите ракометари максимално ги извршува задачите кои им ги доделија тренерот и неговите помошници.Исто така и голманите работеа со полна пареа со нивниот тренер Соколески.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »