Во Битола се случува 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив) фестивалот за прв пат се одржува во еден нов формат, во организација на “Бабец театар“ од Битола и е дел од годишната програма за култура на Општина Битола “Бит фест 2022“.
Оваа година Фестивалот започна со театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски со што е продолжена традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница.
Со работилници, преку театар и со театарски јазик организаторите сакаат да ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница за изработка на кукли ќе трае три дена односно ќе претставува еден експресно брз процес за создавање на куклена претстава во која куклите раководени од самите деца учесници на работилницата ќе оживеат на сцената во една кратка куклена претстава која ќе се одигра пред публиката на последниот ден од Фестивалот.
Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да успееме да ги заразиме со магијата на театарот и на тој начин да започнеме да создаваме нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми.
Честа први да настапат на единаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на децата од Театарската школа Бабец со претставата создадена по идеа на Јулијана Мирчевска со наслов „Јас Македонија“, која ќе се изведе утре под отворено небо, на платото на Офицерски дом.

Со театарска работилница за изработка на кукли стартуваше “Битолино“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: јавен повик за линии за општински превоз на патници во Општината и субвенционирање на линии до руралните средини
- Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките, борба за пласман во плеј-офот
- Почина најстарата битолчанка на 108 години, Рејчел Нахмијас еврејка која се спасила од Холокаустот
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 2 степени
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
More from КултураMore posts in Култура »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)
- Раде Шербеџија со “Западни Колодвор“ доаѓа на концерт во Битола (фото)









