Синоќа во Офицерскиот дом во Битола, во новиот подрумски простор наменет за изложби, како дел од програмата на “Бит фест“ е отворена изложбата “Графички дела од македонски ликовни уметници“.
Изложбата за отворена ја прогласи директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска, која на отворањето рече:
-Моите зборови се само во улога на директор на КИЦ Битола, како поврзувач на сето она што се случува тука, како човек кој ги координира сите овие соработници заеднички да делуваме и да придвижиме културниот живот во Битола и се надевам дека сите ние заедно ќе работиме за задоволство на сите љубители на уметноста и на историјата на градот.
Професорот Александар Стерјовски на отворањето на изложбата кој не криеше воодушевеноста од подрумскиот простор за изложби, а се осврна на човекот кој го дизајнираше Офицерскиот дом во внатрешноста.
-Стариот офицерски дом бил наспроти, домот на Зволу, а иницијативата да се изгради Офицерски дом била на офицерите на 46. пешадиски полк на Битола. Двете рекрасни сали се по заслуга на еден Русин, Валери Гусев. Тој бил градежен инженер и бил Белогардејец, бегалец од Русија по Октомвриската револуција и доаѓа меѓу првите во Битола, каде веќе постоела богата руска колонија. Добил задача да го обликува овој објект, според потребите на офицерите. Тој исто така го изградил и Рускиот крст кој беше срушен, а бил активно вклучен во општествениот живот во Битола во тоа време, а починал во 1949 година.
Изложбата опфаќа македонски ликовни уметници кои создавале во периодот од 1951 до 1991 година: Мартиновски, Биков, Шемов, Чемерски, Перчиников, Дада, Стефановски, Анастасов, Малиданов, Петлески и др.
Кустосот на изложбата е Владо Ѓорески, историчар на уметноста за оваа изложба рече:
-Графичката мисла и творештво во Македонија имаат специфична екликтика со најразновидни амплитуди кои често се во контекст со севкупната општествена состојба. Поради зависноста од техничките и технолошките опремености, како и посебните постапки на сите видови на печат, таа беше, најчесто, за жал, зависна од овој дел кој што скоро и не постоеше во ликовните центри, во индивидуалите творечки работилници, во едукативните институции. Дел од тие графики од разни периоди се поместени во овој алтернативен изложбен простор.
Изложените дела се дел од Графичката мапа на Факултетот за ликовни уметности Скопје, издадена и публикувана во 1991 година и се дела на професори кои предавале на овој факултет.
Заради покомплетна слика на периодот, неколку графики се репродукции (Чемерски, Ташковски, Хаџи Бошков, Мартиновски), со цел да ја докомплетираат претставата за графичката продукција од тој период и да придонесат во информативен и едукативен контекст.

Графички дела од македонски ликовни уметници изложени во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Советот на Општина Битола во 2026 година ќе работи по нов деловодник
- Стевче Алушевски е враќа во Еурофарм Пелистер, ќе биде нов тренер
- Во Битола облачно и студено со сончеви периоди, температурата до -3 степени
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)
- Раде Шербеџија со “Западни Колодвор“ доаѓа на концерт во Битола (фото)









