Press "Enter" to skip to content

За три дена во Битола 97 нови позитивни на ковид-19, оздравени 86, починато едно лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 06.08 до 08.08.2022), направен е 3.561 тест, а регистрирани се 1.233 нови случаи на Ковид-19, од Битола се 97.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од Битола се  86.

До сега во Битола има 17.124 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 267 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (06.08 – 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од Битола едно лице на возраст од 67 години.

Направен се во Битола 124 тестови преку ЦЈЗ Битола 102 и преку “Плодност“ 22.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991.

More from ВестиMore posts in Вести »