Press "Enter" to skip to content

Пелистер со Сашо Дуков го затвори списокот на засилувања

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, го затвори списокот на засилувања и со тоа го комплетира тимот за настапите во Втората македонска фудбалска лига. Последен кој дојде во Битола е Сашо Дуков, напаѓач кој доаѓа од редовите на Силекс, каде како напаѓач постигна 15 погодоци и тој сега е  сериозно засилување во нападот.

Во својата кариера 28 годишниот Дуков има играно и за Пелистер во 2013 година, а играл за Силекс, Саса, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, Напредок, Кожуф Миравци и во ОФК Београд. 

Ова лето Пелистер е засилен со  Фазлиу, Бакрачески, Наумовски, Петровски, Миленковски, Грозданоски, Бурхан Мустафов и Благоја Љамчевски.

More from ВестиMore posts in Вести »