Press "Enter" to skip to content

Тунискиот репрезентативец, левиот бек, Мохамед Суси, ново засилување во Битола

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси, кој ќе биде големо засилување за тимот од Битола на позицијата лев бек, кој доаѓа од екипата на Трембле, а играл и за Монпејле.
 
-До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија. Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член, стои во соопштението на Еурофарм.
More from ВестиMore posts in Вести »