Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер вечер во финале на Струшкиот турнир, за пехарот против Целје Пивоварна Лашко

Ракометарите вечер ќе играат во финалето на Струшкиот ракометен турнир, а противник ќе има биде екипата на Целје од Словенија која е најдобро пласирана во “Б“ групата.

Еурофарм Пелистер групната фаза ја забележа и третата победа, по добро одиграното второ полувреме кога напарави пресврт и го совладаа тимот на АЕК од Атина со резултат 27:26. Во последните пет минути се влезе со егал резултат. Марио Танковски постигна два клучни гола со кои битолската екипа си ја отвори вратата кон победата.

Најефикасни кај “пелистерци“ беа Пешевски со шест и Танковски со пет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »