Press "Enter" to skip to content

В среда промоција на книгата ПОЗИТИВЕН (во услови на тотална светска депресија)

-Почитувани пријатели, познаници и љубители на пишаниот збор. Со задоволство Ве поканувам на промоција на книгата: ПОЗИТИВЕН (во услови на тотална светска депресија). Промоцијата ќе се одржи на: 24 август (среда), во 21.00 часот, во РАДОСТ, како дел од ОФФ програмата на Меѓународниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки“ 2022 год. Како што наговестува и насловот, книгата е пишувана и третира теми поврзани со ковид пандемијата и секојдневното живеење во изминативе 2-3 години. Книгата не е типичен роман, туку амалгам од разни прозни техники, па дури се среќава и кратко филмско сценарио, вели авторот, Игор Трајковски Фоја.

Илустрациите се на Иван Коцка Јанчев, рецензенти: Златко Жоглев, Гордана Такец, а издавач е “ГРАФО ПРОМ“ Битола. Проектот е поддржан од Општина Битола Проектот е остварен во соработка со здружението ЛАТЕРАЛ Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »