Еурофарм Пелистер – Мешков Брест 27:26 (23:23)
Вечерва во Битола во прекрасна атмосфера ракометаритеЕурофарм Пелистер на го победија Мешков Брест со 27:25, 23:23 во регуларниот дел од натреварот, и избраниците на данскиот тренер Валтер се пласираа во “фајнал форот“ на СЕХА лига на 4. септември во Задар, Хрватска.“Пелистерци“ одлични ја отворија новата сезона и ја израдуваа публиката во преполната сала “Боро Чурлевски“, а како противник во полуфиналето ќе го имаат ракометниот гигант Веспрем, од Унгарија.
На стартот Белорусите поведоа од пенал за 0:1, а “пелистерци“ стигнаа до 4:1. Следуваше полувреме без многу голови, расположените голмани и цврстата дефанзива. По 15 минути беше 5:3 за Еурофарм Пелистер, а битолчани водени од одличната атмосфера одржуваа најчесто +2, а на одмор се отиде со 11:10.
Второто полувреме започна со гол за “пелистерци“, а белоруските ракометари успеаја да дадат два гола во низа. Но повторно се врати разликата од +3 за битолчани 18:15. Белорусите дојдоа до -1 (20:19), а на минута до крајот погоди за нерешено 22:22.Последнитре 30 секунди беа вистински трилер, реализираше Танкоски на неколку секунди пред крајот за водство на Пелистер 23:22, но Мешков фрли брз центар и Стевановиќ погоди за 23:23 и пенали за одлука за патникот во Задар.
Во пенал-рулетот прв реализира Цветан Кузманоски, промаши Радовиќ и гол на Дејвис. “Пелистерци“ ја задржаа предноста преку Хосни, но Јуринок пак израмни. Пешевски беше сигурен, а за крај и победа одбрани Урбан Лесјак со што стана стана битолски херој откако го скроти ударот на Алиохин за голема победа.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Руди Сери со 6, а по четири дадоа Танкоски и Хосни.