Press "Enter" to skip to content

Академик Васко Ташковски во посета на музеј, галерија и ателје “Струмениковски“ во Битола (фото)

Музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ во Битола деновиве имаше специјален гостин, академикот, ликовскиот уметник Васко Ташковски.Повод за доаѓањето на Ташковски во Битола е поканата од семејството на Ранко Струмениковски да биде нивни гостин во реновираната семејна куќа на Ранко, каде на горниот кат се наоѓа музејот, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“. Ташковски за време на посетата на музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ се присети на нивното заедничко дружење од детска возраст, училишни и гимназијалски денови, заедничкото живеење како студенти во Белград и потоа нивната работа на профеионален план.-Посебно нам ни е мило што еден ваков великан на македонската уметност е во нашите простории, а тоа што со Струмениковски беа пријатели и соработници е посебна чест за нас. Се надеваме дека во иднина ќе најдеме начин за некоја изложба на двајцата автори во овој простор, рече Драган Ристевски.-Прекрано уреден простор во семејната куќа на Ранко, а се надевам дека тука во иднина ќе се одржуваат камерни изложби бидејки просторот нуди одлични услови. Овој простор е одличен за одржувањето на сеќавањето на големиот уметник за графики, мојот другар Ранко, рече Ташковски.Секако ова беше и сеќавање на спомените со Ранко, за неговата ќерка Тања од денот на нејзиното раѓање, за анегдотите во Скопје, Битола и Белград…Ќерката на Ранко, Тања Струменовска, по повод посетата на Ташковски рече дека и е мило што е тука во нивната семејна куќа, во музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ и што академикот е нејзин кум, и дека во иднина ќе има и друга соработка.

С.РистевскиМузеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ на Ташковски му додели графика од Ранко, како спомен на неговото престојување во Битола, а Ташковски им подари негово дело и дел од неговите пишани дела.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »