Press "Enter" to skip to content

Никола Димитровски, директор на “ТРЧАЈ БЕ“: овој викенд 4. по ред трка, најмасовно издание до сега, во Битола 1.400 учесници од 12 земји

-На македонскиот спортски календар за септември, “ТРЧАЈ БЕ“ е трката која четврта година доминира.

Битола е подготвена за најголемиот спортски настан кој ја очекува оваа недела, на 4 септември, а тоа е четвртото издание на трката која за мошне кратко време се наметна по својата популарност и кај рекреативците и кај врвните атлетичари, а од минатата година доби меѓународно значење со организирање на Балканското првенство во полумаратон.-Годинава, според бројот на пријавени учесници кој го соопштија организаторите и изнесува 1.400 кои доаѓаат од 12 земји од светот, ова ќе биде најмасновото издание досега. ТРЧАЈ БЕ годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација на Македонија. “Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на трите патеки долги 5, 10 и 21км низ Битола. Ќе биде и големо и масовно издание, истакна Никола Димитровски, директор на трката и додава:

-Полумаратонот кој минатата година го организиравме за прв пат и беше Балканско првенство, годинава ја продолжува традицијата да биде ставен на атлетската листа настани како Национално првенство и тоа е голем комплимент за нас како организатори. Пријавена е целата македонска атлетска елита, на листата имаме и атлетичари од странство, бројни комапнии кои токму овој викенд ги испланираа своите тим билдинг активности и се разбира учесници рекреативци.

Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги дочека учесниците и гостите, кои во градот под Пелистер по четврт пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот по патеките, а на главната сцена настап ќе има и Љубојна. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, што е убав пример на спортски туризам кој носи профит за градот домаќин на трката.

-Во Трчај бе, бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како комапниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, истакна Димитровски.

Оваа година, по втор пат во ПР кампањата за трката беа вклучени и студентите од тренинг-програмата за графички дизајн на “Monday Learning“ кои се обидоа да ја раскажат приказната за “ТРЧАЈ БЕ“ иснипирирани новаа година од битолцизмите и градскиот хумор, пренесувајќи колку е едноставна љубовта кон трчањето.

Се гледаме овој 4 септември, на “ТРЧАЈ БЕ“ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »