Press "Enter" to skip to content

Битолска-чкембарска инвазија на Охрид, пехарот Радовиќ им го предаде на “Чкембарите“ (фотогалерија)

Синоќа во Охрид, како и се очекуваше, се случи битолско-чкембарска инвазија, а околу 1.000 навивачи од Битола, беа на трибините во спортско рекреативниот центар “Билјанини извори“ каде се играше Супер купот во организација на Ракометната федерација на Македонија. Навивачите на Еурофарм Пелистер од Битола во Охрид пристигнаа со сопствен превоз, а за “Чкембарите“ имаше и организиран автобуски превоз, секако следен од полициски службеници, кои покрај по патот, обезбедуваа и во салата.А, во салата се беше во знакот на Битола, на зелено-белата боја. Околу 1.000 битолчани, предводени од навивачката група “Чкембари“, ги бодреа во текот на целиот натпревар, во нивни препознатлив стил и амбиент, а од другата страна кај “Комитите“ беа само околу стотина навивачи.Заедно со навивачите од Битола, наместо во свечената ложа, на трибината кај битолчани, се наоѓаше и претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев со сопругата и дел од соработниците.Но, на крајот сите заедно се радуваа, а капитенот на Пелистер, Мирко Раовиќ, миленикот на навивачите, големиот пехар го предаде на навивачите, како знак на благодарност што дојдоа во Охрид, беа дел од Супер купот, и им ја дадоа потребната поддршка, посебно кога се “кршеше“ резултатот, и се одлучуваше натпреварот.И, по триесетина минути по завршувањет0 на натпреварот и сите церемонии околу доделувањето на пехарот, навивачите и ракометарите ја славеа новата титула во Охрид.Пееја и се радуваа заедно навивачите, со Управата, со ракометарите, со тренерот Ларсен, со Сери и Хосни, со Бојан и Марија, со Лесњак и Кизиќ, со Костевски и Кузмановски…

Текст и фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »