Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: акутен панкреатитис-остро воспалување на панкреасот

Д-р Васил Чипуровски информира кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината, а дава и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите.

Овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на акутен панкреатитис – остро воспалување на панкреасот, за што вели:Aкутниот панкреатитис е остро воспалување на панкреасот. Етиолошки најчесто е предизвикан од прекумерна конзумација на алкохол, од опструкција на жолчни патишта поради калкулоза или тумори.

Клинички се презентира со типична епигастрична силна болка со ирадијација под двата ребрени лака кон грбот, гадење, повраќање.

Дијагнозата се поставува врз база на клиничката слика анамнеза зголемени панкреатични ензими амилаза и потипичната за панкреатитис  липаза во крвта, CRP WBC и со помош на ехо на абдомен на кое има едематозен зголемен по димензии панкреас со хипоехогени зони на паренхим  понекогаш псеудицисти, абсцеси, асцитес  итн.

Лекувањето треба да е хоспитално со инфузии, диета, антибиотици, панкреатични ензими, спазмолитици, блокатори на водородни пумпа итн.