Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: И да велиш “ДА“ е зависност, aко им удоволуваш на сите – нема да ги достигнеш своите цели

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Ако си зависен од наведнување глава, твоето однесување е многу лесно за контрола исто како на некој зависник од дрога. На манипулаторот му требаат два лесни чекори – ти го дава тоа што ти треба, па потоа ти креира закана дека ќе ти го одземе. Секој дилер во светот ја игра истата игра“ – Д-р Хариет Б. Брајкер. Многу личности не сакаат некого да го одбијат ако им побара нешто да направи. Тие не сакаат да бидат “себични“, и “сакаат да бидат добра личност“. Удоволувањето на луѓето го мешаат со љубезност. Сосема е во ред да направите некому услуга или да сакате да му помогнете во одредена ситуација. Проблемот настанува кога се обидувате да им удоволите на сите, притоа ставајќи ги своите лични потреби и планови во позадина. Да, тоа е проблем, можеби и повеќе од тоа. Оваа состојба се нарекува ”болест да удоволите”.

Причини

Ова најчесто произлегува од потребата на одредени луѓе да им се допаѓаат на сите. Сите да ги сакаат. Тие луѓе исто така се жртви на стравот од неодобрување. За нив задоволувањето на туѓите потреби им изгледа како најбезбеден начин да си обезбедат место на ”сакана и ценета” личност, без разлика дали се работи за семејство, пријатели, колеги или љубовен партнер.

Многумина се надеваат дека ако на сите им кажуваат ДА за се, тоа ќе им помогне да се чувствуваат прифатени и сакани.

Други личности кои ги удоволуваат другите, имаат историја на малтретирани, и низ нивниот животен пат, одлучуваат дека најдобро за нив, за да ги третираат подобро е да се обидуваат да ги задоволуваат луѓето кој ги малтретирале.

Со тек на време за удоволување на другите им станува начин на живот.

Удоволувањете на другите може да биде сериозен проблем, и тешко е да се прекине. Еве некои знаци дека се обидувате да удоволувате на секој.

Се обидувате да се сложувате со секого. Слушајќи го мислењето на другите- дури ако не се сложувате- е добра социјална вештина. Но ако се обидувате да се сложувате заради тоа што сакате да бидете прифатени, сакани, може да се коси со вашите вредности.

Чувствувате одговорност за тоа како другите луѓе се чувствуваат. Здраво е да препознавете како вашето однесување влијае врз другите. Но да мислите дека имате моќ да напrавите некој да се чувствува среќен е веќе проблем.  Секоја индивидуа  има одговорност за своите емоции.

-Чeсто се извинувате. Постојаното извинување можа да биде знак на поголем проблем. Не мора да се извинувате дека сте вие тоа што сте.

-Се чувствувате преокупирани од тоа што треба да направите. Вие сте сами задолжени како ќе го поминувате своето време.Но ако сте личност која удоволува, има шанса дека вашиот распоред е преполн со активности кои мислите дека другите луѓе сакаат од тебе да ги направиш.

-Не можете да кажете НЕ. Дали ќе кажете ДА и потоа веројатно ќе продолжите низ, или да се разболувате за да излезете од обврската. Нема никогаш да ги достинеш своите цели ако не можаш да зборуваш за себе.

-Се чувствуваш непријатно ако некој се лути на тебе. Само заради тоа што некој е лут, не значи дека си погрешил. Но ако не можеш да се завземиш ако некој не е пријатен со тебе, би требало да ги преиспиташ своите вредности.

-Се однесуваш исто како луѓето околу тебе. Нормално е другите луѓе да извлекуваат различни страни од твојата личност. Но луѓето кои се удоволувачи на другите, често ги саботираат своите цели. Истражувања покажуваат дека  влегуваат во себе деструктивно однесување ако мислат дека дека ќе им помогне да се чувствуваат поудобно во социјални ситуации. На пример,тие јадат повеќе ако мислат дека ќе ги направат другите луѓе среќни.

-Потребна ти е награда за да се чувствуваш убаво. Наградите и убавите зборови можат да направат секој да се чувствува убаво. Но луѓето кои ги удоволуваат другите зависат од валидација.Ако твоето себевреднување се потпира целосно на тоа што дугите мислат за тебе или се чувствуваш добро само ако другите те обасипаат со комплименти.

збегнуваш конфликти. Едно нешто е да не сакаш да започнеш конфликт. Но, да избегнуваш конфликт целосно и по секоја цена не е добро. Значи дека треба да застанеш за работи и луѓе во кои навистина веруваш.

-Не признваш кога ти се повредени чувствата. Можеш да имаш автентично врска со луѓето се додека си слободен да зборуваш понекогаш дека твоите чувства се повредени.  Зборувајќи дека си лут, тажен, засрамен, или разочаран  –  дури кога си емоционално повреден – ја одржува релацијата специјална.

Ако се пронајдовте во некои од овие точки, запрашајте се : Зошто ги удоволувате другите ?

Дали го правите тоа затоа што ве прави среќни и задоволни или затоа што мислите дека луѓето ќе имаат полошо мислење за вас, ако не секогаш ги почитувате нивните желби? Првата причина не е оспорена. Другите, сепак, ја откриваат вашата несигурност и недостаток на карактер.

Како да се ослободиме од удоволување на другите луѓе ?

Додека е важно да го импресионираш твојот шеф и да му покажеш дека се согласуваш, да се биде сервилен може да има обратна реакција.

Бидете водени од вашите вредности.

Кога треба да одлучите дали да помогнете некому, релевантното прашање не е дали таа личност ве прашала, туку дали она што тој го бара од вас е во согласност со вашите најдлабоки вредности.

-Започни да се ослободуваш од навиката на удоволување на другите започнувајќи со кажување НЕ за мали работи.

– Изрази го своето мислење за нешто обично.

– Или завземи се за нешто во што веруваш. Секој чекор кој го превземаш понатаму ќе ти ја покачува твојата самодоверба и твојата способност да бидеш автентичниот ТИ.

– Престанете да се извинувате за се и сешто

Не е потребно да им се извинувате на другите што не сте го прифатиле нивното барање, ниту да се правдате. На тој начин, ќе им дадете до знаење дека нивното барање е претерано и дека не можат секогаш да ве користат за своите желби. Никогаш нема да ги достигнеш своите најдобри потенцијали ако се обидуваш да правиш се за другите луѓе.

Ако навистина имаш проблем и се  бориш за да неможеш да се ослободиш од овие навики, побарај помош од стручни лица. Со терапевт ќе изградиш ментална сила за да изградиш живот како што сакаш да имаш.