Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: како со исхрана до идеална форма пред зимата?

Во денешно време, поради намалената физичка активност кај луѓето, доаѓа до задржување на отровите во телото и таложење на масти, кои едноставно го деформираат телото и прават деструкција на самата физичка форма на луѓето.

Со правилна и балансирана исхрана можеме да постигнеме телесна форма, која дава олеснителни околности на нашето тело. Поради многу непроверени информации во пракса, многумина прават грешка и се придржуваат кон одредени диети кои му штетат на самото човеково здравје!

Најбитно и најправилно е да внесуваме храна и намирници кои му одговараат на нашиот организам, секоја диета и програм на исхрана е персонализирана бидејќи тоа што одговара на едно лице не значи дека ќе одговара и на друго.

Затоа мој совет е ако одите кај нутриционист и барате програм на исхрана, истиот исклучиво се подготвува преку комплетно анализирана крвна слика од лабораторија, и преку неа се одредува процентуално колку протеин, јаглехидрати, колку природни шеќери, витамини, се потребни на поедино тело и организам!

Само на тој начин може да дојде до правилна апсорбација на храната, и искористеноста, а со самото тоа и формата и свежината на телото се оддржува на високо ниво.