Во неделата, на 20 ноември ова лето господово после десет и повеке години преставниците на МНР односно, амбасадорката Билјана Стефановска – Сековска и нејзиниот заменик д-р Викторија Чавковска остварија средба со македонците од Сиднеј.
Амбасадорката пред присутните кажа кои се обврските и надлежностите на Дипломатско конзуларните преставништва во Канбера и Мелбурн. Најави дека очекува повеке средби и заемна соработка со македонските друштва и организации.
Стана збор за начинот на издавање на македонските пашоши, полномоштва и др. На неколку часовната средба која се оценува како мошне продуктивна се отвараат вратите за соработка со австралиско-македонската заедница.
Како што изјави нејзината екселенција амбасадорката Билјана Стефановска Сековска дека претходно имале средби со Македонците во Перт, Мелбурн, Волонгонг, а наредниот ден во Сиднеј имаа средба македонските бизнисмени.
Средбата се одржа во просториите на Македонскиот културно образовен центар “Илинден“ веднаш до црквата “Св. Петка“ која дваесет и четири години беше вовлечена во суд од страна на владиката Петар кој во името на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА го водеше долгогодишниот суд кој проголта милиони долари од Македонската заедница.
Спорот го изгуби владиката Петар и САС на МПЦ – ОА и на крај за да се спаси она што може да се спаси ја поделија епархијата на два дела и сега двете епархии не функционираат како што треба.

Претставници на македонското конзуларно претставништво од Камбера во посета на македонската заедница во Сиднеј, Австралија (фото)
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »
- КУД “Илинден“ од Рокдајел, Австралија со одличен концерт во спортскиот центар “Илинден“ во Сиднеј го најави 60 годишниот јубилеј (фотогалерија)
- Велигден во црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо – САД (фото)
- Иван Трповски промовира две негови нови книги во Сиднеј, Австралија
- Во Салцбург, Австрија за прв пат е формиран македонски јазично-креативен клуб “Збор”, како ново огниште на јазикот, културата и идентитетот далеку од татковината (фото)
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе





