Press "Enter" to skip to content

“The show must go on…“во Расчекор на 16 декември 2022, нова “Орфеј“ ретро журка (фото)

-Шоуто продолжува, со ди-џеите Кекел, Николче Терзиевски и Тркач и зимска ретро журка, No 3, “Орфеј“ во ноќен клуб “Расчекор“ во Битола на 16 декември по слоганот: “Старо и младо во “Расчекор“ до зори, музиката да не спои“.

Жанета Ристевска

После успешно организираната ретро-журка во чест на диско “Орфеј“ од Битола, сo слоган “Влез саде за парој“ ова лето во август, организаторите уште тогаш најавија друга, сега со нов слоган. Тоа што го ветија, го исполнија, овие денови тие се пред завршните подготовки за т.н зимска журка или трета по ред во чест на култната дискотека “Орфеј“ од Битола.

“The show must go on“ и разговор со организаторите кои поединечно со свои мислења за журката која е веќе распродадена.Драги Лажиовски – Брусли, за зимската ретро журка, како покана до битолчани вели:

-На 16 декември 2022 во Битола сите патишта ќе водат кон клубот “Расчекор“. Како што се вети, одиме со зимска ретро журка “Орфеј“ која е насловена и наслов “Старо и младо во “Расчекор“ до зори, музиката да не спои“. За расположението ќе се погрижат битолските ди-џеи Кекел, Тркач и Николче Терзиевски. Добро дојдени се сите љубители на убавата музика која ќе биде од диско, поп, рок, фанки, ју музика. Да поиграме, да се подружиме, да се потсетиме на едно минато време кои како тинеџери сме поминале низ вакви забави таканаречени “журки“. Воедно сакам да им се заблагодарам на луѓето кои искрено ни излегоа во пресрет за оваа приказна да биде успешна, а тоа е доказ дека дека сеуште има битолчани кои не го заборавиле минатото во кое дружењето беше нешто “ИН“.

Марио Трифуновски сопственик на клубот “Расчекор“ кој во името на тие времиња, кога и сам беше организатор на забави во “Орфеј“, ги отвори вратите на клубот, за оваа ретро-журка вели:

-Оние кои дојдоа на забавата во чест на диско “Орфеј“ летото убаво се забавуваа. Тие се забавуваа со многу пријатели со кои излегувале во својата младост во култната дискотека “Орфеј“ во Битола со интересниот наслов “Влез саде парој“. Голем дел од оние кои не дојдоа, не поттикнаа, така да кажам, за друга. Меѓу гостите на организираната забава во летото, имаше голем број кои сега живеат надвор од Битола, странство, а беа дојдени дома на одмор. Затоа оваа ретро журка ја организираме овој период пред новогодишните празници кога голем дел од наши битолчани кои живеат надвор од Битола, или странство си доаѓаат дома пред Божик. Оваа така да ја наречеме зимска журка во ноќен клуб “Расчекор“ за музиката ќе бидат задолжени нашите стари пријатели, Кекело, Тркачо и Николче, кои во одреден период биле задолжени за убава атмосфера и енергија во диско “Орфеј“ во 80-тите и рани 90-ти години. Во периодот на доцни 80-те ги организиравме познатите журки (забави) со дрес код, а затоа очекуваме и оригинални идеи за интересен дрес код, пожелен и ретро дрес-код, мода од тоа време. Битолчани се познати по смислата за мода и убав стил на живот. Ние како организатори им ветуваме голем број изненадувања. Дел од нив ќе потсетуваат и не враќаат во тоа време. Но сега нема да откриваме, ќе оставиме за вечерта на 16 декември.Златко Самарџиев – Кекел во оваа журка има двојна улога, како организатор и како ди-џеј, во свој стил кажа:

-Рокери, панкери, шминкери, даркери… така се делеа младите според музиката која ја слушаа во тој период. И овој пат на оваа забава секој ќе се врати на некој начин во младоста, во некое време социјалистичко кое остави трага на тие генерации. А ќе кажат за нив најубаво бидејќи и младоста е најубава. Но, душата не страрее, иста е како и во младоста.

Благој Анастасов – Тркач за прв пат е вклучен во организацијата на оваа ретро журка и вели:

-Имам “пуштано“ музика насекаде во Битола и цела Македонија, но за нас битолчани “Орфеј“ е едно култна дискотека, каде ние навлегувавме во тајните на музиката и она што сега е бизнис, а ние тогаш го работевме само поради љубов, што се уште не држи. Оние кои беа дел од органзираните забави од крајот на 80 години во “Орфеј“ ќе се сетат дека дрес кодот налагаше сите да се дотерани во тренд… Имаше и дечки кои доаѓаа облечени со костуми, бели кошули кравати по примерот на пејачите од “new wave“ бендовите. Но, без оглед кој вид музика слушаа: рок, панк, фанк, или шминкери, рокери, панкери, сите доаѓаа на овие забави. Дел од нив кои ќе дојдат на оваа журка, се останати исти, со што ќе ја направат атмосферата на забавата.Николче Терзиевски битолчани го познаваат повеќе како музички уредник во некогашното “Радио Битола“, но и тоа дел од својата младост ја има поминато во “Орфеј“, а за она не очекува на 16 декември вели:

-Музиката од 80-тите и 90-тите години од минатиот век се смета дека е една од најдобрите, а ние тројцата ќе се потрудиме да ве “вратиме“ во тоа време, со одличен избор на музика карактеристича за тој период, од најразличен жарн и ритам, За тоа ќе допринесе и добрата атмосфера која ја нуди “Расчекор“. Затоа е ваше на 16. декември пред да влезите во “Расчекор“, да ја “соблечете“ цела негативна енергија со проблемите кои сите ги имаме денес, да ја оставете ја надвор. Да влеземе со позитивна енергија и добро расположение.

-Многу ретко или никако не се случуваше некој рокер да си „фати“ женска која слушаше друг вид музика и не припаѓаше кон нив. Или шминкер со панкерка… Можеби некое непишано правило или следење на норми на социјалната средина. Ако тргниме дека преку облека или стил на музика се препознава карактерот, темпераментот на личноста, можеби на некој интуитивен начин се наоѓаа сродните души. Она „Спротивностите се привлекуваат“ сега е прашање за дискусија. Можеби за некоја моја следна објава од Кекел во вашиот портал.

И за крај како што започнавме со зборовите на хитот на легендарната рок група “Queen“ во 1991 година, така и завршуваме.

THE SHOW MUST GO ON

Empty spaces, what are we living for?

Abandoned places, I guess we know the score, on and on

Does anybody know what we are looking for?

Another hero, another mindless crime

Behind the curtain, in the pantomime

Hold the line

Does anybody want to take it anymore?

The show must go on

The show must go on, yeah

Inside my heart is breaking

My makeup may be flaking

But my smile, still, stays on

Whatever happens, I’ll leave it all to chance

Another heartache, another failed romance, on and on

Does anybody know what we are living for?

I guess I’m learning

I must be warmer now

I’ll soon be turning, round the corner now

Outside the dawn is breaking

But inside in the dark I’m aching to be free

The show must go on

My soul is painted like the wings of butterfl My soul is painted like the wings of butterflies

Fairy tales of yesterday, grow but never die

I can fly, my friends

The show must go on

The show must go on

I’ll face it with a grin

I’m never giving in

On with the show

I’ll top the bill

I’ll overkill

I have to find the will to carry on

On with the show

Show

Show must go on, go on, go on, go on, go on, go on, go on, go on

More from ЗабаваMore posts in Забава »