Press "Enter" to skip to content

Данците Валтер и Хенеберг: одигравме скоро перфектен натпревар, со перфектна одбрана

Екипата на Еуеорфарм Пелистер во Германија го победи украинскиот првак Мотор Запорожје во натпевар во кој немаше пресврти, туку имаа предност во текот на целиот натпревар.

Двајцата Данци во тимот на Еурофарм Пелистер, тренерот Валтер и бекот Хенеберг по натпреварот задоволни од победата:

-Можевме да забележиме дека и денес ни недостигаа ракометари, бидејќи на крајот бевме многу уморни. Но, сите се бореа и дадовме сè и малку повеќе од можностите. За еден тренер беше убаво да се види тимот денес. Игравме против тим чии бекови шутираат од преку 11 метри без проблем. Знаевме дека е поинаку да се брани против такви ракометари, но беше поразлично. Посебно во вториот дел одигравме есктремно добро. Почнавме да играме подобра во одбраната, на крајот моравме да менуваме тројца ракометари, па затоа примивме повеќе голови од контри. Ракометарите се бореа и навистина сум горд на нив,  рече данскиот стручњак.

Себастијан Хенеберг одигра најдобро и постигна рекорден број на голови, вкупно 14, а за натпреварот рече:

-Минав неколку тешки недели, бев уморен денес на крајот, но ја исполнивме целта. Дадовме што имавме во себе и одигравме скоро перфектен натпревар. Одигравме перфектна одбрана во одлучувачките моменти, сите си помагавме, голманите имаа клучните одбрани во одлучувачките моменти. Бевме концентрирани и заслужено се радувавме, рече Хенеберг.

More from ВестиMore posts in Вести »