Press "Enter" to skip to content

М-р Драган Ристевски од Битола, библиотекар на годината: Комисијата и гимназијалците ја препознаваа мојата посветеност за популаризација и развивање на љубовта кон книгата

Библиотекарскотото здружение на Македонија објави дека во категоријата средни училишта признанието “Библиотекар на годината за 2022“ да го добие библиотекарот Драган Ристевски од “Јосип Броз Тито“ од Битола, како резултат на повеќегодишната посветена активност на планот на библиотекарската дејност во Училишната библиотека во Горната Гимназија во Битола.

За ласкавото признание наменето за библиотекари Драган Ристевски инаку, долгогодишен новинар и публицист ни рече:

-Целосно, сесрдно и професионално бев посветен кон библиотекарската и педагошка дејност кон генерациите прекрасни читатели и мои ученици од Горната Гимназија. Токму тие ученици беа поттикот и мотивот што завршив магистратура од областа на надарени и талентирани на Педагошки факултет во Битола, каде моментно сум на докторски студии токму од таа област. Гимназијалците лесно ја препознаваа мојата посветеност за популаризација и развивање на љубовта кон книгата, а тоа може да се потврди со мојот личен однос и пристап кон нив, како и со десетиците изложби, промоции, драматизации и литературни читања организирани во Училишната библиотека. Секако, Библиотекар на годината за мене претставува големо признание кое библиотекарскиот еснаф.

Библиотекарското здружение на Македонија наградите ќе ги врачи на денот на “Свети Климент“ во Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »