Во библиотека “Св. Климент Охридски“ во Битола во организација на Центарот за образовни и развојни иницијативи “Инова лаб“ од Битола и со поддршка на Комисијата за еднакви можности на Општина Битола се оддржа тркалезна маса на тема “Предизвиците на жените претприемачи и менаџери од Битола“, како дел од проектот “Локално партнерство за економско јакнење на жените“, чија цел е поттикнување на жените од Битола за искористување на сопствениот потенцијал и придонес во заедницата преку локално партнерство, поддршка и вмрежување.
Настанот се одржи во присуство на 33 жени претприемачи и менаџери од приватен, јавен и граѓански сектор, како и поддржувачи на женското претприемништво, кои што зборуваа за предизвиците и можностите во нивното работење.
Воведни излагања на темата имаа 7 жени од приватен, јавен и граѓански сектор, и тоа: претседателката на Советот на Општина Битола и претседателка на Комисија за еднакви можности, Габриела Илиевска, претседателката на “Инова лаб“ – Елизабета Тошева, проектниот координатор и модератор на настанот – Моника Ангелоска Дичовска, координаторката за еднакви можности, Општина Битола, Анита Ангелевска, сопственичката и менаџерката на Пзу “Лаб Про Дентал“ – Билјана Врцал Ванчевска, претседателката на “СУМНАЛ“ здружение за развој на ромската заедница – Фатма Бајрам Аземовска и раководителката на Центарот за вработување од Битола – Јешим Сефуловска.
Излагањата и дискусијата креираа позитивна и инспиративна атмосфера, со вмрежување и планови за идни активности.

33 битолчанки учеснички на тркалезната маса “Предизвиците на жените претприемачи и менаџери од Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ренџерите и полицијата во акција за пронаоѓање на вооружени лица во НП “Пелистер“
- СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 30 степени
- Во Битола започна првиот фестивал посветен на чалгијата (фотогалерија)
- “Светот во страници“ – втор по ред саем на книги на НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола (фотогалерија)





