Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: левовентрикуларна хипертрофија

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за левовентрикуларна хипертрофија за што вели:

-Левовентрикуларна хипертрофија претставува задебелување на ѕидот на левата комора кој се проценува наједноставно во AFChV со мерење на интервентрикуларниот септум кој доколку е над 10 мм кај мажи поточно над 9 мм кај жени е хипертрофично изменет, причина за настанување на LVH најчесто е нелекувани или нецелосно контролирана артериска  хипертензија, аортна стеноза или при прекумерно долгогодишно спортување (бодибилдинг, маратонци, пливачи на маратон). Левовентрикуларната хипертрофија можи да биди од концентрични тип кај спортисти бодибилдери, нелекувани хипертоничари  или ексцентричен тип кај тркачи маратонци.

ЕКГ – електрокардиографскиот наод за LVH е збир на високи R во V5+длабоки S бранови во V1 над 35 мм. Хиперехогеното задебелување на IVS  во дел е познато како septal bulge типично за артериска хипертензија не за хипертрофична кардиомиопатија.

Хипертрофичната кардиомиопатија е друг ентитет кој се карактеризира со генетска предиспозиција асиметрично задебелување на левиот венттикул над 15 мм, градна болка, гигантски длабоки т бранови и можи да е опструктивна со опструкција на LVOT високи проточни брзини на CW Doppler и turbulent flow на collor doppler и  неопструктивна апикална како кај некои народи од Азија без зголемување на LVOT gradientot и без turbulent flow во LVOT.