Press "Enter" to skip to content

Танковски задоволен за довербата од клубот, Ларсен со пофалби дека Марио е најдобар плејмејкер во Македонија

Марио Танковски вчера во Битола го потпиша новиот двегодишен договор со Еурофарм Пелистет, а тоа значи дека до 2025 година ќе биде битолчанец, а по ставањето на потписот не го криеше задоволството од повторно дадената довербата од клубот. Организаторот  играта на “пелисерци“ по потпишувањето рече:-Овој нов договор претставува континуитет, се надевам, на мои добри настапи во Битола и во Еурофарм Пелистер. Две години ме шетаа во тимот, но оваа година го најдов правиот начин на игра. Играм солидно, уште не сум во формата во која бев пред да дојдам тука, но останувам и среќен сум поради таа одлука. Довербата од стручниот штаб и тренерот е на високо ниво и тоа е многу важно за мене. Во ова продолжување на договорот улога играше желбата на тренерот да останам тука. Нема подобро нешто од доверба од стручниот штаб, имам слобода, самодоверба и тоа за мене е од големо значење. Оваа пролет ќе биде многу тешка, играме на три фронта: Европа, СЕХА лига и домашно првенство и шансите за титула се 50-50% со Вардар 1961. Гледам тие донесоа нови играчи, се засилија и нема да биде лесно да се освои титулата. Сепак, тоа е наша примарна цел – прво титула во домашното првенство, па во Купот.

Во клубските простории кога се потпишуваше договорот беше тренерот Ларс Валтер, кој го “подготвуваше“ натпреварот од СЕХА лигата против Војводина, а неговото присусто го искористивме и за коментар за Танковски, односно неговиот потпис.-Многу сум среќен што го продолживме договорот со Марио, игра добра сезона и моментално е трет најдобар асистент во Европската лига и го сметам за најдобар плејмејкер во Македонија. Можеме да бидеме само среќни со овој потпис. Неговиот стил се вклопува со моите сфаќања како сакам да играм ракомет. Секојдневно напорно работи, професионален е и носи нешто ново на тимот и тоа ни е потребно.

More from ВестиMore posts in Вести »