Press "Enter" to skip to content

Петар Атанасијевиќ прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер

Репрезентативецот на Македонија, талентираното лево крило Петар Атанасијевиќ е прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер од Битола.

Атанасијевиќ по две и пол години поминати во Еурофарм Пелистер 2, по барање на тренерот Ларс Валтер е прекомандуван во првиот тим. 19-годишниот Петар во својата играчка кариера има настапувано за РК Алушовски од каде премина во Еурофарм Пелистер 2.

Петар оваа година дебитираше и на Светските првенства, каде ги бранеше боите на македонската репрезентација.

More from ВестиMore posts in Вести »