За ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола поразот од Војводина во 1. коло од СЕХА лигата во понеделникот веќе е минато со со мислите пред уште едно тешко гостување во регионалниот шампионат. Денес во 18 часот “пелистерци“ ќе играа прорив Нексе, во Нашице каде се наоѓаат од вторникот.
Данскиот стратег Ларс Валтер кажа пофални зборови за играта на Нексе и најави израмнет дуел против хрватскиот вицешампион и додава:
-Нексе е одличен тим, но видовме дека ја направија истата грешка, како и ние против Војводина. Среде подготовки сме, оставивме неколку ракометари дома за да ги заштедиме, и затоа не изгледавме добро во Нови Сад. Имаме два дена за подготовка и ќе бидеме подобри. Проблем ни е што немаме многу ракометари тука во Нашице, дојдовме само со четири бека за да покријат шеесет минути, што не е многу. Најголемиот проблем за поразот против Војводина беа техничките грешки кои ги направивме. Ги имавме дури деветнаесет, што не е нормално. Тоа ни се случи бидејќи сме во подготвителен период. Физичките тестови минатата недела беа добри, па сега работиме само на ракомет и треба да се подобриме. Имаме добри шанси да играме израмнет натпревар против Нексе и ќе бидеме подготвени за тој дуел
Средниот бек Марио Танковски додава вели Еурофарм Пелистер во овој дуел ќе оди да го поправи впечатокот кој го остави во Нови Сад.
-Нексе оваа година игра добар ракомет, први се во групата во Европската лига. Се работи за одлична екипа, но и тие во Нови Сад убедливо загубија и лошо играа, исто како и ние. Овој натпревар и за нас и за нив ќе биде можност за поправање на впечатокот. По репрезентативни настапи нормално е да има вакви осцилации. Ќе бидеме подобри во следниот период, ни претстои тежок февруари и два натпревари секоја недела. Мора да се подигнеме за да извлечеме убави резултати, вели Танкоски.