Еурофарм Пелистер 2 од Битола по официнализирањето на новите засилувања и на помошникот на Ангелевски се пофали и со ново засилување на клупата.
Македонскиот вицепрвак го потврди Филип Ивановски за нов член на стручниот штаб на младите “пелистерци“ и тренер на голманите. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе работи во тимот на Бранислав Ангеловски во кој е и Фарук Мемиќ.
Во својата кариера Ивановски беше дел од Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел, Охрид.
По крајот на ракометната кариера Филип Ивановски неколку години работеше и како директор на кошаркарскиот клуб Пелистер, меѓутоа сега му се враќа на матичниот спорт.










