Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од понеделник ќе ги продава сезонските влезници

Еурофарм Пелистер од Битола преку соопштение ја најави продажбата за сеонските влезници, а како и секоја година предност ќе имаат досегашните сопственици на сезонски билети.

Новата ракометна сезона тропа на врата. Нашиот клуб е подготвен за предизвиците и борбата за исполнување на целите на нашите клубови – Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Од понеделник (27 јули) до четврток (30 јули) досегашните сопственици на сезонски билети ќе можат да ги обезбедат своите места и за сезоната 2026/27.

Од петок (31 јули) ќе започна продажбата на сезонските билети по цена 4.000 денари (странични места) и 4.500 денари (централни места) за сите натпревари од Суперлига, Куп на Македонија, Регионална лига и ЕХФ Европска лига на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, соопштија од РК Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »