Press "Enter" to skip to content

Денес посебно уживање во “Ниже Поле“, забава на 1.400 метри со “Ние (запирка) Другарите“ (дрон видеа+фото)

Ски-центарот “Ниже Поле“ со кој стопанисува ЈП “Стрежево“ од Битола на неколку илјади битолчани и гости од околните градови им приреди незаборавен викенд, кои уживаа во денско и ноќно скијање.

Денес ски-центарот “Ниже поле“ багодарение на одличната соработка со  нивниот деловен партнер “Цермат” од Битола, на присутните им приредија посебно изненадување.Бендот “Ние (запирка) Другарите“ на присутните им дадоа можност на отворено, на 1.400 метри надморска висина, да имаат “свирка in live“ и да уживаат, како рекоа организаторите, во една исклучителна звучна естетика.

Зимските уживања продолжуваат и утре со денско скијање.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »