Press "Enter" to skip to content

Фуксе ја оправда фаворитската улога, Еурофарм Пелистер поразен во Берлин

Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер 34:25 (18:12)

Еурофарм Пелистер од Битола во рамките на 9. коло од “Д“ групата во Евро лигата вечерва во Берлина, Германија е убедливо поразен од фаворитот во оваа средбам екипата на Фуксе Берлин, со резултат 34:25, полувреме 18:12.

Отворањето на натпреварот започна со резултатска предност на “пелистерци“ а со головите на Костески, Дејвис и Суси резултатот беше 2:4, но само на кратко. Следуваше серија од четори гола со кои германција дојдоа во водство, а потоа и до предност од пет гола. Еурофарм Пелистер ја намали разликата, но првото полувреме заврши со +6 за домаќините, 18:12.

Во второто полувреме тренерот на Еурофарм Пелистер се обиде со неколку промени на терен Еурофарм Пелистер да биде конкурентен тим, но не успеа па така Фуксе имаше сигурна предност. Во последните десет минути Фуксе дојде и до +10 (28:18), а потоа и со  највисоките +12, а натпреварот заврши со 34:25.

Најефикасен кај “пелистерци“ со по пет гола Костески, Василев и Кисум.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »