Вечерва во Источната галерија во Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата “Македонија“ на двајца бразилски уметници Даниел Частинет и Вилсон Нето – Бразил, учесници на ликовната колонија “Де Ниро“.Изложбата е дел од меѓународна програма во КИЦ Битола, реализирана во соработка со меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“ и семејството Филевски.
На присутните им се обрати и ги поздрави Лили Бошевска директор на КИЦ “Битола“ која при тоа рече:
-Овие двајца уметници испирирани од убавините на нашата земја Македонија направија еден ваков поглед врз неа. Обично инспирацијата е уметноста, природата, но овој пат е духот на еден народ, убавината на земјата, боите кои ги поседува, а сето тоа поставени на слика не можат никоја да го остават рамнодушен. Сликите се неурамени, но токму тоа е суштината на нашиот народ, кој не сака да биде врамен во златни рамки, да биде слободен, да лета како птиците кои се насликани, и расклилени како портите кои се насликани, односно онака како не доживуваат странците.
Владо Горевски – Рафик се осврна на изложбата и рече:
-Иложбата во Сан Паоло доживеа невиден успех, според критиките кои следев од медиумите и таа прогласена за една од најзначајните изложби и е многу важна бидејќи практично понира во некои клучни сегменти на нашата цивилизација. Тоа е цивилизацијата на Латинска Америка полна со музика, ритам, а сликите имаат силен интензитет. Двајцата уметници некако се најдоа во нашиот простор, што е важно како што е клучен романот на нобеловецот Маркес, кој првата страна ја почнува со Македонија и не случајно изложбата се вика Македонија.
Основавачот на ликовната колонија “Де Ниро“ која од страна на уметниците учесници е наречена “планетарен центар“, Драги Филевски, кој и ги обезбеди овие дела да бидат тука, во Битола, рече:
-Ова е прва заеднични проект на колонијата и КИЦ “Битола“ и се надевам дек ќе продолжиме. Бразил 220 милиони луѓе, осум милиони метри квадратни, голема земја, а од таму двајца дојдоа пред три години и се заљубија во нашата земја. Тие преку нивните слики ни кажаа колку е убава нашата земја. Во Бразил, во националната галерија во Бразилија, имаа изложба која доживеа огромен успех, и се од ретките кои можат таму да излагаат. На бразилците им беше многу интерес, а овој наслов “Македонија“ е испиририран од еден од нашите камења во Хераклеја. Денес после Бразилија и нивниот роден град, изложбата е кај нас во Битола.
Силвана Филевска на градоначалникот Тони Коњановски му подари слика во знак на благодарност која Општина Битола и ја дава на “Де Ниро“, а тој вети дека оваа слика ќе најде место во зградата на Општината.
-Драги Филевски е амбасадор на Македонија и Битола, а ова го кажувам заради тоа што донесе дела на двајца врвни уметници да ги запознаеме кај нас. Овој колорит го виделе половина свет, а ете нашле нешто и кај нас. Колорит кој ни донесе прекрасни мотиви, а оваа слика ќе најде видно место да ја гледаат. Денес имав прилика да бидам домаќин на двајца дипломати, а и ним како сите им го претставувам нашиот град. Ние немаме ним да им покажеме кули и богатсва, туку патот Виа Игнација, Хераклеја, Широк Сокак и илјадници други работи. И Филевски го прави тоа, тоа е патриотизам кој треба сите ние да го правиме.

Во Битола отворена изложбата “Македонија“ на двајца бразилци Даниел Частинет и Вилсон Нето (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)
- Урош Борзаш пред утрешниот натпревар со Кил: Кил е секогаш Кил, не беше лесно по двата порази од Вардар
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
- Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Библиотеката
- Паоло Карнера, кинематограферот на филмот „Носталгија“: кинематограферите од соништата прават филмски материјал
More from КултураMore posts in Култура »
- Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)
- Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Библиотеката
- Паоло Карнера, кинематограферот на филмот „Носталгија“: кинематограферите од соништата прават филмски материјал
- Денес отворање на изложбата и доделување на наградите на фото-изложбата “Со љубов од Битола“
- Магазата во Битола ги отвори вратите за програмата “На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ