Press "Enter" to skip to content

Два контролни натпревари на фудбалерките на Топ Гол пред Купот

Сениорски женски тим на Топ гол од Битола викендов одигра два воведни контролни натпревари пред куп натпреварот против Љуботен кој е закажан на 1. март.

Првиот натпревар битолчанки го одиграа против Пад Флорина, а натпреварот се одигра на градскиот стадион во Лерин. Вториот натпревар Топ гол се сретна со екипата на Билјанини извори од Охрид, а натпреварот се одигра на Фудбалското игралиште во Воска.-Задоволен сум од овие два воведни натпревари во подготвителниот период, првенство ни почнува крајот на март но веќе во среда играме куп натпревар во Тетово и затоа овие натпревари ги одигравме во гости. Ростерот на фудбалерки но беше лимитиран но за почетокот на првенството ќе бидиме комплетни. На двата натпревари издвојувавме победи што е плус во подигнување на нашата самодоверба. Припремите се одвиваат според планот и програмата и наша јасна цел е освојување на шампионската титула, iзјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »