Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: срцеви дигиталис гликозиди

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за дијагностицирање на комбинирани антихипертензивни лекарства, за што вели:-Срцеви дигиталис гликозиди (дигоксин, ланатозид, метилдигоксин) се лекарства кои се користат за подобрување на  моќта  на контракции на  миокардот во случаи на средна и тешка срцева слабост. Срцевите дигиталис гликозиди делуваат преку инхибирање на натриум- калиум аденозин -трифосфатазата во кардиомиоцитите блокирање на враќање на калиум во клетката и зголемување на калциумот во миоплазмата  и со тоа зголемување на контрактилната моќ на миофибрилите на  срцето.

Дигиталис се дава тогаш кога има среден кон тежок степен на срцева слабост со пад на EF најчесто под 40%или при постоење на гушење, замор, периферни отоци чести плеврлални ефузии кои не се контролираат од примена на бета -блокатори и АКЕ инхибитор со диуретик. Дигиталис лекови  не треба да се даваат кај пациенти со АВ нодален блок 2 или 3 степен, кај хипокалиемија хипомагнезиемија и внимателно кај хипотироидизам.

Истовременото користење со верапамил, амиодароне, пропафенон, флекаинид спиронолактон може да го зголеми нивото на срцеви гликозиди во крвта и нивната токсичност во предизвикување на синус или атриовентрикуларни блокови со суправентрикуларна тахикардии и невролошки испади, гастроинтестинални тегоби.

Електрокардиографска карактеристика на дигитализирани пациенти е благо конкавно заоблено спуштање на ST segmentot во неколку одводи лесно под изоелектричнс линија.