Press "Enter" to skip to content

Совети за спортисти: Што е флосинг?

“Flossing“ е една од поновите техники во спортот и општата физиотерапија. Тоа се специјални гумени ленти кои делуваат на површината на кожата со висока кохезивна сила. Постојат неколку видови на ленти, во зависност од делот од телото на кој се нанесуваат.

Техниката ја користиме првенствено за намалување на болката и зголемување на опсегот на движења, а можеме да ја користиме и за други цели бидејќи делува на миофасцијалниот, лимфниот и вегетативниот нервен систем и има позитивни ефекти врз репаративните механизми во телото.

Постојат три главни компоненти на медицинскиот “flossing“, имено: компресија, движење и иритација. Во зависност од целта на терапијата и состојбата на пациентот, терапевтот ја применува лентата за “flossing“ на различен начин, а пациентот може да учествува во терапијата активно или пасивно.