Press "Enter" to skip to content

Совети од биоенергетичар: сколиоза, комбинирано лекување со лекарства и “taftherapy“

Со рачна терапија “taftherapy“ може да се подобри здраствената состојба кај пациентите кои се лекуваат од сколиоза.

Сколиоза е медицинска состојба каде се забележува искривување на р’бетот од една страна. Ако е сложена деформација на рентгенските снимки, од задна страна сколиозата може да изгледа како буквите “S“ или “C“, отколку на правилната форма на р’бетот.

Најчесто сколиоза се појавува кај деца при развој и неправилно развивање на р’бетниот столб (пршлени).

Истражувањата покажуваат дека отприлика 20 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со овој проблем – сколиоза.

Покрај тоа што сколиозата може да се забележи физички кај пациентот, сколиозата може да направи сериозни проблеми како кај белите дробови, срцето, сите внатрешни органи, така и попречување на развој на мускулатура од една страна.

Терапии кои се препорачуваат за лекување на сколиозата мораат да бидат вклучени заедно и паралелно со медицински вежби.

Се препорачува терапија за тонусирање на мускулатура, терапија на истегнување на р’бетот, терапија за олабавување на нервниот систем, вчби за истегнување (или stretching). Вежби исклучиво на грбни мускули, олабавување и релаксација на мускулно ткиво.

Покрај наведеното мора стручно и соодветно да се третира како не би дошло до прогресивно влошување на деформација како на р’бетот така и на вратните пршлени.

За сколиозата, како хронично заболување, примарно и единствено се практикува мануелна (рачна) масажа или мануелно рачна терапија и задолжително вежбање.