На првиот ден на Воскресението Христово во црквата “Св. Недела“ во Битола се одржа Воскресна Света Литургија која ја предводеше, старешината на црквата, отец Пенчо Пусовски, заедно со ѓаконот Александар Маргулевски.
На Светата Литургија присуствува верници кога беше и најдолгиот полициски час од петок до вторник, оваа година тие беа во голем број, а црквата беше исполнета за време на службата.
По Воскресната Света Литургија беше прочитано и Посланието на Владиката Петар, а се одржа и света причест на верниците.
[ngg src=”galleries” ids=”1456″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]






