Денес, на стадионот “Павел Шатев“ во Битола се одиграа Државни натпревари во фудбал во машка конкуренција средни училишта, кои ги организира Општинскиот училишен сојуз на Битола, а во завршницата играа четири екипи, кои играа полуфинални натпревари и натпревари за пласман.
Учесниците на државните натпревари во фудбал во машка конкуренција на средни училишта во име на Општина Битола како домаќин ги поздрави заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски, кои на сите им посака успешно натпреварување и убав престој во Битола.
Победник на дешниот турнур и воедно Државен првак е екипата на СОУ “Наил Фрашери“ од Куманово, а на второ место се пласира “домаќинот“ екипата на СОТУ “Ѓорѓи Наумов“ од Битола која во полуфиналето победи на пенали.
На трето место место е екипата на Гимназијата “Никола Карев“ од Скопја, а на четврто место е екипата на гимназијата “Мирче Ацев“ од Прилеп.
Претседателот на Сојузот на училишен спорт од Битола, Михајло Трампевски, рече дека натпреварите се одиграле во најдобар ред и дека учениците одиграле добри и неизвесни натпревари.
[ngg src=”galleries” ids=”1487″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]











