Press "Enter" to skip to content

Совети за спортисти: ласерската терапија

Ласерската терапија е наменета за антиинфламаторни, регенеративни биостимулирачки и аналгетски третмани, а самиот збор ласер значи засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење (Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation).

Ласерската терапија ја стимулира синтезата на колаген, а со тоа го забрзува зараснувањето на раните, ја ублажува болката (аналгетски ефект), го намалува отокот, го намалува ткивото на лузната, има термички ефект и благотворно делува на имунолошкиот систем.

Најчесто се користи во:

-повреда на меките ткива (трауматски и воспалителни), истегнување и кинење на тетивите, мускулите и лигаментите, хематом, воспаление на тетивите и мукозните кеси (болно рамо, тениски и голферски лакт…)

-аздравување на рани – третман на трофични, варикозни, дијабетични и декубитни улкуси, заздравување на изгореници и постоперативни рани.

-слободување од болка: акутна болка (напнатост, мигрена и невралгични главоболки, лумбоишиалгија и брахиалгија, постхерпетична невралгија); хронична болка (болка во вратот и долниот дел на грбот, болки во зглобовите, тетивите и мускулите).