Press "Enter" to skip to content

4.000 илјади навивачи облечени во зелено во салата во Битола сведоци на новата титула на Еурофарм Пелистер (мега фотогалерија)

Битолчани вечерва знаеја како да се израдуваат на тоа што титулата се врати во Битола, во ракометниот храм во Македонија. Ако пред 18 години се радувавме во салата “Младост“, вечерва радост во “Боро Чурлевски“, истата сала со нови име, а радост за нова титула.Домаќинот, екипата на Еурофарм Пелистер, односно Управата на клубот, се потруди вечерва во салата да има единствена кореографија, а тоа е што сите беа облечени во зелено, а за таа цел беа испечатени 4.000 маици во зелена боја на која пишуваше “шампиони Еурофарм Пелистер, 2о22-2023“.Со овој потег на сите кои набавија влезници со кои имаа и маичка, не само што беа сведоци на новата титула на Еурофарм Пелистер по 18 години, туку сега имаат и спомен кој грижливо ќе го чуваат, а тоа единстената маичка.Како изледаа трибините во салата и кака беше атмосферата вечерва кога се славеше титулата низ големата фотогалерија, која ја снимија нашите фоторепортери Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »