Press "Enter" to skip to content

20. по ред семинарот за реален аикидо “Битола опен“ одржан во Будо центарот “Пелистер“ во Битола (фото)

Вчера во Битола во организација на Аикидо федерацијата на Македонија се одржа јубилејниот 20. по ред семинар “Битола опен“ во Будо центарот „Пелистер“ на кој присуствуваа околу стотина борци кои беа активнин учесници.Со семинарот раководеа Ана Врачаревиќ од Србија носител на мајсторски појас 9 дан, Ѓуро Илиќ (8 дан), Дејан Чавковски (5 дан), Николчо Гоцев (3 дан) и Љубе Грданов (3 дан) од Македонија.Претедателот на Аикидо Федерацијата на Макед0нија, Ѓуро Илиќ – аикид мајстор – 8 дан за овој семинар рече:-Ова е традиционален семинар кој го организира Аикидофедерацијата, а технички организатор е иакидо клубот Пелистер од Битола. Предавачите на семинарот, меѓу кои и јас, еминентни лица од реалниот аикиди на посетителите им се претставија и им понудија предавања кои одлично ги презентирааа. Задоволен сум од бројот на пријавени, а по реализацијата на овој семинар започнуваме со подготовките за летниот џудо семинар кој нашиот клуб го организира секое лето.-Фантастични домаќини, одлични вежбачи, позитивна енергија и прекрасна атмосфера. Браво и големо благодарам на сите учесници од Битола, Кочани, Скопје, Велес, Пирот и Ниш, рече Ана Врачаревиќ, за семинарот во Битола, каде е редовен предавач.

Будо центарот од Битола како подарок доби слика од Слободан Рајчевски, по повод 20 по ред “Битола опен“, масло на платно. 

More from СпортMore posts in Спорт »