Press "Enter" to skip to content

Шундовски и Зарков за шампионската сезона на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)

На завршната свеченост во Битола по повод завршување на ракометната сезона 2022/23, во ресторанот “Голд фелициа“ која за организира ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, на присустните им се обратија и тренерите кои го водат двете екипи на клубот.Во име и на тренерот на Еурофарм Пелистер зборуваше тим-менаџерот Ѕвонко Шундовски, а за “двојката“ тренерот Александар Зарков. Шундовски кој беше тренер и на, сега претпоследната титула, во 2005 година за ангажманот во изминатите неколку месеци откако го презедоа клубот рече:-Во мое име и во име на Јовиќ сакам да им се заблагодарам на ракометарите на нашата екипа, која сега е шампион, за тоа што не издржаа ова време откако го презедовме клубот. Направивме некои промени во начинот на размислување, во начинот на пристап кон ракометната игра, и сето што го наметнавме ракометите го прифатија. Исто така сакам да се заблагодарам на управата затоа што ги исполнија сите наши барање во овој период. Екипата на презедовме во тежок момент, а ние во тоа време знаевме дека ќе биде многу тешко во секој поглед. Но, ние двајцата ги познававме квалитетите на екипата која  ја преземаме, ја познаваме и нашата публика која не поддржува на секој натпревар и бевме убедени дека ќе успееме во целта. Со промената на начинот на размислување на ракометарите кон ракометната игра придонесовме во голем дел да се освои оваа титула.За импресиите на ден-два по освојувањето на титулата Шундовски додаде:-Импресиите, нормално, по ваков успех се огромни. 18 години е многу долг период да се врати титулата во Битола, град кој заслужува континиутет во освојување на титулата и со поддршка на управата и спонзорите кои сите ги знаеме ќе пробаме да остане тука. Јас сум долго време во клубот, како играч и тренер и никогаш немало ваква финансиска логистика. Ова е една нова приказна која што се надеваме дека ќе трае долго и во континуитет ќе освојуваме титула.Во име на “двојката“, Еурофарм Пелистер 2, на завршната свеченост зборуваше тренерот Александар Зарков кој рече:-Сакам и јас да во мое име и во име на ракомерите на “двојката“ да им се заблагодарам на управата за поддршката на првиот тим во секој поглед да го имаме сето ова кое е пред нас, а тоа се сите пехари кои се освоени оваа сезона. Се надевам, дека некаде по една година тука на оваа маса ќе го имаме она што ни недостасува, пехарот од Купот. На моите колеги од првиот тим и на нивните ракометари ја честитам титулата за оваа сезона и им посакувам успешна сезона во Лигата на шампиони, секако и здравје на сите нас во клубот, сезона без повреди, а другото сите ние самите ќе го одработиме.Еурофарм Пелистер 2 ја има задачата да “произведува“ ракометари но во изминатите две-три години но, ги надмина тие очекувања и беше спорем многумина најсимпатична екипа која ги има победено сите екипи во Супер лигата, со учество во плеј-офот, за што Зарков додаде:

-Многу млади момчиња се дел од “двојката“ и затоа ние сме млада и симпатична екипа, а за тоа да биде вака, како што е сигурно голем придонес има Александар Јовиќ, да кажеме, во вчера, беше дел од нас и заедно работевме со младите ракометари. Без разлика што екипата е млада и треба да се кали, ние сепак сакаме да победуваме, ние сме победници и сме победници. Со нас имаа прилика да се искалат ракометари кои имаа прилика да се приклучат во првиот тим, но и за другата сезона ќе има некои кои ќе продолжат во таа насока. На крај сакам да им се заблагодарам на “децата“ кои на натпреварите дадоа максимум, а воедно се надевам дака идната сезона ќе бидат подобри, а во новата сезона влегуваме со искуство плус кое го имаме од оваа година.Ракометарите од двете екипи на ракометниот колектив Еурофарм Пелистер го искористија за форграфии за спомен со пехарите за освоените титули и секако со зеднички фотографии за спомен за оваа сезона и посебно со ракометарите кои го напуштаат клубот.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »