Press "Enter" to skip to content

Димитар Митревски, спортски директор на Еурофарм Пелистер од Битола: испекција на ЕХФ во средина на јули, потоа започнуваме со продажба на комплет влезници и другите активности

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола на завршната свеченост по повод завршувањето на сезоната и освојуањето на шампионската титула скромно ги најави плановите за наредната сезона, за тоа дека во Битола ќе се игра Лига на шампиони и дека Битола ќе биде еден од 16 градови во Европа каде ќе се игра врвен ракомет.

На свеченоста зборуваше и спортскиот директор на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, кој за подготовките за играњето во Лигата на шампионите и дали во Битола ќе се игра европски ракомет рече:-Славењето на шампионската титула е заршено и веќе започнавме да работиме за новиот голем проект кој го очекува ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, а тоа е настапот во Лигата на шампионите, кој е голем предизвик. Во таа насока веќе имавме неколку состаноци со локалната самоуправа, со луѓето одговорни таму. Прво ќе кажам дека спортската сала може да ги исполни условите, но ќе мора да се направат неколку зафати, на кои брзо ќе почне да се работи и ќе се вложува во тоа. Разговорите со ЕХФ започнаа и не очекува инспекција. Мислам дека преговорите успешно ќе завршат и дека Битола ќе се радува, и во Битола ќе се игра лига на шампиони, а ние ќе бидеме дел од 16 градови каде ќе се игра Лига на шампиони, елитен ракомет, а за тоа како организациски ќе одговорат на овој нов предизвик додаде:

-Битолчани ќе уживаат и јас сум сигурен дека секој натпревар од Лигата на шампиони ќе биде празник во градот, а ние како клуб ќе се искачиме на едни повисоко организационо ниво, што е задолжително за ова елитно натпреварување. Ќе имаме фан зони и на некој начин да биде уживање за сите, како и некои нови случувања пред и за време на одигрување на натпреварите. Со освојувањето на шампионската титула една голема тежина е тргната од рамената, имаме една титула, а следната цел е да се прикажеме во вистинско светло и да повторам, да биде уживање за сите.

Лигата на шампиони имаше пауза во нашата земја, поради суспензијата на Вардар, а спортската сала ќе биде претесна за сите од Македонија кои ќе сакаат да гледаат натпревари од Лигата на шампиони, а како ќе биде новата маркетинг стратегија за наредната сезона Митревски рече:

-Според првите преговори со ЕХФ првата инспекција од нивна страна во Битола ќе биде околу средината на јули, а откако ќе го имаме позитивниот фитбек, кога ќе имаме потврда дека салата е одобрена за играње натпревари, започнуваме со продажба на сезонските влезници за кои што уште сега има голем интерес. Се подготвуваат разни пакети, но се уште не можеме ништо конкретно да кажеме, се додека не ја поминеме инспекцијата и Битола ќе биде домаќин на Лигата на шампиони. Мислам дека играњето во Битола ќе биде голем плус и за ЕХФ, кога ќе видат дека ќе се игра во полна сала, со вакви навивачи кои ги нема низ ракометните сали низ Европа. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »